Свет
24. August 2016 - 11:59

Се спрема крвополевање: Турски тенкови влегоа во Сирија, тргнаа кон џихадистите!

Турските тенкови ја преминале границата со Сирија со намера да го исчистат градот од припадници на исламската држава, според воени извори, пренесени од Ројтерс.
 
Исто така, турски борбени авиони нападнале цели на Исламската држава во Џараблус, град во северниот дел на Сирија.
- Операцијата која започнала околу 4 часот по локално време, е наменета за чистење на турската граница од терористички групи, јакнење на граничната безбедност и поддршка за територијалниот интегритет на Сирија, - пренесе турската државна агенција Анадолија во изјава за турските власти.
 
Турските сили погодиле околу 70 позиции на Исламската држава и испукале преку 200 ракети, соопштиле воени официјални лица.
 
Во меѓувреме, турските воени авиони Ф-16 погодиле 11 позиции на ИД.