Се собираат потписи за 48 независни листи за советници и 27 градоначалници
До полноќ во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК се собираат потписи за независни кандидати за советници и за градоначалници за претстојните Локални избори 2017. Според прегледот по општини на ДИК, граѓаните даваат потписи за 48 независни листи за советници и за 27 кандидати за градоначалници.
Некои од нив, како што самите објавија, веќе собрале потребен број потписи од граѓаните. Бројот на потписи зависи од бројот на жители во соодветната општина.
Потписи за независен кандидат за градоначалник, според прегледот објавен денеска на веб-страната на ДИК, собираат по двајца кандидати во Битола - Кирчо Ташков и Јорго Огненовски, во Охрид - Горан Китевски и Стевче Стевовски и во Чучер Сандево - Ацо Поповски и Јован Пејковски. Потписи за кандидатури за градоначалник собираат и во Брвеница Енвер Бајазити, во Валандово Стојан Манолев, во Вевчани Господин Попоски, во Гази Баба Тони Ѓуровски, во Градско Глигур Коцев, во Дебарца Јадранка Бибан, во Дојран Тони Ајцев, Зрновци Методи Николов, во Кавадарци Борис Давидов, Карпош Владимир Кофчегарски, Куманово Маријанчо Анделовски, Македонски Брод Жарко Златески, Могила Стево Пивковски, Неготино Ѓорѓи Ајтов, во Новаци Пецо Мицовски, Петровец Ѕвонко Цветковски, Пробиштип Горан Филовски, Радовиш Јуре Ѓерѓиев, Ранковце ивица Тошевски, Струга Насто Палиоски и во скопската општина Центар Андреј Жерновски.
Потписи се собираат и за 48 листи за советници, а најмногу - 12 има во Македонски Брод, четири во Петровец и три во Радовиш.
Официјално за колку независни советнички листи и кандидати за градоначалници ќе се гласа на изборите закажани за 15 октомври ќе се знае откако општинските изборни комисии ќе ги потврдат листите по неопходните проверки. Според Роковникот за спроведување на Локалните избори 2017 на Државната изборна комисија (ДИК), поднесените листи од страна на независните кандидати и од политичките партии ОИК треба да ги потврди најдоцна до 14 септември.
Локалните избори се закажани за 15 октомври. Ќе се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје.
Ново на Сител
-
ОЈО Скопје презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево
-
Приведен гевгеличанец, со возило удрил во мотоцикл при што тешко повредил двајца малолетници
-
Повеќето Германци стравуваат од можен руски напад врз НАТО
-
Уапсен неготинец, возел со 2,38 промили алкохол во крвта
-
Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
-
Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост
-
Илјадници Американци му оддаваат почит на убиениот Чарли Кирк
-
Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија