Се шири болеста чума кај малите преживари во Албанија, стигна и во погранична област во близина на Дебар
Во Албанија се проширува картата на болеста чума кај малите преживари, каде по северниот град Скадар, заразени грла се регистрирани и во Пешкопеја и пограничниот град Булќиза, кој е на дваесетина километри оддалечен од Дебар.
Албанската агенција за храна и ветеринарство информираше дека сите стада каде што се регистрирани случаи на зараза се ставени под карантин и оти во фармата во Поштиба, кај Скадар и во Мартенеш, кај Булќиза, уништени се над 200 грла, според соодветните стандарди.
Поради близината и појавата, иако поретко од претходно, на шверц на добиток од албанска на македонска територија, постои голема опасност болеста да биде пренесена.
Веднаш по појавата на болеста, македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) воведе засилени мерки на надзор, особено во регионот на западна Македонија, со цел да се спречи внесување и ширење на болеста од соседна Албанија во земјава.
Ново на Сител
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет
-
Министерката Јаневска ќе учествува на дводневен самит за образовни технологии во Истанбул
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Зеленски: Руското застапување за Иран покажува потреба од построги санкции
-
Амбасадорот на ЕУ Рокас во посета на Крива Паланка
-
Апелација ќе одржи јавни седници по жалбите на Обвинителството за куќниот притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија
-
Без струја делови од Аеродром и Карпош