-->
-->
Се шири бизарен тренд кој овозможува подобар секс - се огласија и лекарите
-->

Третман од триесет минути со наслов „Љубовна магла“ ги изложува вашите најинтимни делови од телото на температура од - 160 Целзиуса од резервоар на течен азот, пренесува „Independent“.
Од спа центарот во кој се врши овој третман велат дека - ненадеен пад на температурата ги стимулира рецепторите за температура во вашата кожа и брзиот проток на крв го зголемува нивото на ендорфин во вашето тело, по што се создава добро чувство.
Овие ниски температури, исто така предизвикуваат, цврст, млад и жив изглед на кожата на гениталиите.
Сепак, лекарите не се согласуваат. Гинекологот Јен Гунтер, вели дека овој третман не треба да се практикува и покрај тоа што гинеколозите користат криотерапија за замрзнување и отстранување брадавица. Гунтер имала многу искуства со користење на течен азот на генитални ткива, и вели дека тоа било вообичаена појава, се додека не се појавиле подобри алтернативни практики.
Во продолжение таа објаснува дека изложувањето на кожата на така ниски температури ги убива клетките.Третманот од 30 минути може да предизвика некроза на клиторисот, па во иднина да не функционира добро со намален проток на крв.
Исто така не бил добар ниту за пенисот, бидејќи предизвикувал болки.
Да заклучиме: Гениталиите кои се естетски пријатни за око, не ве водат до подобар секс. пренесува „Индекс“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен поранешниот НБА кошаркар Морис, обвинет е за измама
-
Без вода неколку улици во Скопје
-
Почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница - Тетово“
-
Тројца украински војници загинаа, а 18 се ранети во руски напад врз единица за обука
-
Земјотрес со јачина од 8,7 степени на рускиот полуостров Камчатка, издадено предупредување за цунами
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Чешкиот „Блек Хок“ слета на аеродромот Скопје
-
Пронајдено телото на 16-годишната Теодора