Се шетал со пиштол, кривична против лице од Карбинци
Во Штип вчера во 01.50 часот полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од село Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете.
По преземени оперативни мерки, соопштија денеска од МВР, лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури.
- Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“, се појаснува во соопштението.
Ново на Сител
-
СДСМ бара, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа храна без ДДВ
-
Минчев: Некомпетентите јавни службеници ќе се доедуцираат преку посебна академија
-
Директорот на Детска брои чиј мандат имало повеќе починати деца - ДСЗИ во надзор за последниот смртен случај на Клиниката
-
Епохално археолошко откритие
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно