-->
-->
Се сеќавате на неподвижниот тинејџер тежок 610 килограми - Еве како изгледа денес!
-->

Пред седум години Калед Мохсен Ал Шири бил тежок неверојатни 610 килограми. Бил хоспитализиран, и со помош на експерти успеал да ослабе. Сега има 24 години и 320 килограми, сè уште се придржува до строгиот режим на исхрана и вежбање во болница, и повторно учи да оди.
Калед Мохсен Ал Шири од Саудиска Арабија успеал да ослабе неверојатни 290 килограми, придржувајќи се на строга диета и сега конечно може да ужива во првите резултати од својата истрајност.
Ова момче неколку години било неспособно да оди поради огромната тежина, а сега со помошно средство ги вежба првите чекори.
Докторите од Ријад кои го лечат, велат дека момчето мора уште да ослабе, но се горди на тоа што досега постигнал.
Кога во 2013. година медицински хеликоптер го пренел во болница во Ријад, Калед имал 610 килограми, а третманот за лечење од дебелина му го обезбедил Абдула, крал на Саудиска Арабија.
Речиси 30 луѓе вработени во болницата морале да се здружат за да го качат на кран, кој за Калед специјално бил нарачан од САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
