Се сеќавате на Мика и Гиба од Големиот брат? Живеат раскошно и се влечкаат по судови

Тие двајцата се обележје на една од сезоните на реалното шоу „Големиот брат“ кој се емитуваше на ТВ Сител. Во овој проект учествуваат заедно со мајката и таткото, а гледачите имаа можност да уживаат во случувањата на целото семејство Васиќ, на чело со синовите Мика и Гиба.
Во текот на реалното шоу тие ќе останат запаметени по насмевките, интересните досетки, понекоја кавга, но и по тоа што се облекуваа како жени. Сепак нивната духовитост најмногу ја веселеше публиката. Она што се случи по учеството во Големиот брат ја фрли во сенка сликата која јавноста ја имашт за нив.

Кај бабата Бранка Радиќ живееја по излегувањето од реалното шои. Со неа потпишаа договор за доживотна издршка и се изгледаше идеално. Потоа бабата ги изфрли од куќата, зошто како што истакна, не правеле ништо друго освен што ја галеле нејзината мачка.
Бранка близнаците ги тужеше зошто не воделе грижа за неа и бараше раскинување на договорот, но тие на судот не се согласија и го обжалија тоа. Се правдаа дека бабата Бранка се обидувала да им го „сервира„ пилешкото кое во замрзнувачот го чувала од 2013 година и зачини од 1997 година, плашејќи се дека сака да ги отруе.
Освен тоа што се влечат по судови, не кријат дека и натаму уживаат популарност.
„Малку сме во Србија, малку во Германија, а малку во Австрија. Ги трошиме парите од Големиот брат. Се има, се може“, рече Мика.

Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Рокас за Извештајот на ЕК
-

Во Тетово пронајдена мртва 25-годишна Косовка
-

Запленети 2541 килограми небезбедна храна со непознато потекло
-

Ден на жалост во Федерацијата БиХ и Црна Гора по пожарот во Домот за стари лица во Тузла
-

Бројот на загинати при уривањето товарен авион во Кентаки се зголеми на 12 лица
-

Без вода ул. „Разловечко востание“ и „Невеска“ во Карпош
-

Потпишување договор за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на пругата со Бугарија
-

Администрацијата на Трамп досега поништи 80.000 неимигрантски визи
