Се санира цевководот на „Стрежево“, најавено нормално снабдување со вода
Стручни екипи од Градежен факултет-Скопје и механизација на РЕК Битола и ЈП Хидросистем „Стрежево“ од раните утрински часови интензивно работат на санација на новопојавено свлечиште што се наоѓа во непосредна близина на битолското село Драгарино и кое целосно сруши дел од главниот цевковод кој со вода од акумулацијата „Стрежево“ ги снабдува ЈП „Водовод“, земјоделците, индустрискиот дел на градот и РЕК Битола како најголем корисник.
На заедничка прес-конференција професорот од Градежен факултет-Скопје, Игор Милановски и директорите на РЕК Битола, Јовко Крстевски, ЈП „Стрежево“, Марјан Героски и ЈП „Водовод“ Горан Стефановски, соопштија дека за околу 6 часа состојбата ќе се нормализира и оти ќе продолжи снабдувањето со вода од акумулацијата до сите нејзини корисници.
- РЕК Битола функционира нормално и ги има потребните количини со вода кои во овој момент ги обезбедува од река Црна каде се слеваат дел од водите на акумулацијата „Стрежево“, а потоа со пумпи ги дистрибуираме до РЕК Битола. Исто така, почнавме со преземање вода од акумулацијата „Суводол“ која има околу 4 милиони кубни метри вода и тоа овозможува во период од три месеци непречено користење на водата за потребите на комбинатот, истакна генералниот директор на РЕК Битола Јовко Крстевски.
Според генералниот директор на ЈП „Стрежево“-Битола, Марјан Героски појавата на новото свлечиште оддалечено на 13 километри од акумулацијата „Стрежево“ предизвика прекин на вода во цевководот која вообичаено изнесува околу 9 кубни метри вода во секунда, но по интервенцијата се очекува да бидат пуштени околу 2,5 кубни метри вода во секунда со што ќе бидат задоволени и исполнети законските потреби за снабдување со вода.
- Со појавата на ново свлечиште веднаш извршивме целосно запирање на водата по цевководот-објект на РЕК Битола, но заеднички дејствувавме со изработка на т.н. „лимен канал“ преку кој ќе дистрибуираме одредена количина на вода потребна за снабдување на градот и РЕК Битола. Очекуваме со натчовечките напори на шест специјализирани екипи да се реактивира главниот канал и да се стабилизира снабдувањето со вода во Битола, изјави Героски.
Генералниот директор на ЈП „Водовод“-Битола Горан Стефановски соопшти дека во моментов снабдувањето со вода во градот се врши од трите резервоари чие полнење ќе продолжи по завршувањето на интервенцијата врз главниот цевковод.
- Во овој момент потрошувачката на вода во градот е двојно зголемена, а тоа се должи на дезинформации во градот за наводно немање вода од 3-4 денови. Не е потребно да се складираат посебни резерви со вода, а ние очекуваме во вечерните часови да се стабилизира водоснабдувањето во градот, рече Стефановски.
Професорот од Градежен факултет-Скопје, Игор Милановски потврди дека целосната реконструкција на свлечиштата треба да заврши во период од шест месеци, а во моментов се врши интервентно поставување на длабоки бетонски и челични колови кои влегуваат во здрава основа за да го потпираат каналот, додека во внатрешноста на каналот се ставаат челични елементи и други хидротехнички мерки кои ќе помогнат времено да се реши проблемот со водоснабдувањето во Пелагонија.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп