Македонија
24. August 2017 - 18:22

Се реконструира улицата „Доситеј Обрадовиќ“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ја започна реконструкцијата на ул. „Доситеј Обрадовиќ“, на потегот помеѓу улиците „Иван Козаров” и „Дичо Петров”, која се наоѓа во урбаната заедница Цветан Димов.

Реконструкцијата опфаќа коловоз со ширина од 5.30 метри и беше со видливи оштетувања.

Покрај поставувањето нова асфалтна маса, предвидено е и подигнување на постоечките шахти до висина на новата нивелета, како и нови рабници на тротоарите.

Како што се наведува во соопштението од Општина Кисела Вода, со оваа активност ќе се обездбеди соодветен пристап до главниот влез на училиштето „Партенија Зографски“.