Се реконструира спортската сала во Виница
Во завршна фаза е реконструкцијата на дрвениот под и на дел од просториите во градската спортска сала „Кирчо Димитриов“ во Виница, што е прв поголем зафат по повеќе од една деценија од изградбата.
Направена е замена и поправка на оштетувањата на паркетот, а завршено e и стругањето на површинскиот слој. Наскоро ќе почне лакирањето и бојадисувањето на подот, како и обележувањето за теренот за потребите на спортските екипи. Исто така, се менуваат и искршените пластични столчиња на двете трибини, се реконстируираат санитарните јазли, а планирано е и варосување на внатрешноста на салата.
– Изградбата на спортската сала беше комплетирана во 2007 година и оттогаш немаше скоро никакви интервенции врз објектот. Во меѓувреме кај паркетот се појавија сериозни оштетувања што беа пречка за нормално одвивање на спортските натпревари, како и за изведување на наставата за учениците во средното училиште. Се работи за важен спортски капацитет во општината со чија реконструкција ќе го зачуваме од натамошно пропаѓање, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.
Трошоците за обновување на овој капитален спортски објект се на товар на СОУ “Ванчо Прке“ од Виница, кое со одлука на Советот на Општината го доби на користење и управување во наредните 10 години.
Според пресметките, реконструкцијата на салата ќе чини 850 илјади денари и нејзиното повторно користење ќе почне со почетокот на второто полугодие за учениците.
Ново на Сител
-
A1 со нови услуги за клиентите го прославува 6 роденден
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за депонијата во Вардариште
-
30 дена притвор за три лица за палењето на Вардариште
-
За Кочани се уште нема кандидат за градоначалник
-
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Алиу: Осум досиеја на пациенти стигнаа до интерната комисија
-
Преглед на вестите од светот