Се реконструира рекреативниот центар „Починалиште“ во Ресен

Општина Ресен почна со градежните активности за реконструкција на рекреативниот центар „Починалиште“, кој се наоѓа во близина на СОУ „Цар Самоил“ во Ресен.
Со овие активности, како што информира градоначалникот Ѓоко Стрезовски, предвидено е реновирање на повеќе содржини на овој рекреативен центар, како и изградба на нови содржини со што би се добило урбано уредено место каде преспанчани ќе имаат можност да се рекреираат и релаксираат.
- Со проектот ќе се реконструираат и обноват спортските игралишта кои ќе бидат осветлени, по должина на рекреативната петека ќе се постави ново осветлување, паркинг, ќе се изгради видиковец, ќе се постави урбана опрема, клупи и канти за отпадоци, ќе се постави детски забавен парк и хортикултурно ќе биде уреден просторот, изјави Стрезовски.
За реализација на овој проект предвидени се околу 4,4 милиони денари, средства обезбедени преку проектите за регионален рамномерен развој преку Центарот за развој на пелагонискиот плански регион. Активностите треба да завршат до почетокот на мај, а изведувач е градежната фирма „Стентон градба“.
Ново на Сител
-

Започна генералното чистење на Скопје
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
