Се реконструира кино-салата во Делчево
Со средства од Министерството за култура се реконструира кино-салата во Делчево.
Како што истакна директорот на Домот на културата „Никола-Јонков-Вапцаров“ Љупчо Петровски, градежните работи треба да завршат кон крајот на јануари идната година.
- Според проектот, се реконструираат внатрешните простории на кино-салата, на сцената, столчињата, подот и ѕидните површини. Со ова Делчево ќе добие нов репрезентативен објект, современ простор кој во текот на целата година, освен за презентација на филмовите, ќе се користи и за други културни настани, семинари, предавања, концерти и манифестации, рече Петровски.
Претходно, со финансиска поддршка од Министерството за култура од околу два милиона денари, објектот во кој е сместено киното, доби нова фасада, нова покривна конструкција и уредени санитарни јазли, а во рамки на владиниот проект за набавка на нова дигитална опрема за киносалите во повеќе градови во земјава, киното во Делчево доби и нов дигитален проектор.
Ново на Сител
-
Почна судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Таравари: Одлуката на Уставниот суд за балансерот е избрзана
-
ТАВ подготвува мастер план за развој на аеродромите во Скопје и Охрид
-
Спасителите и оваа година со бројни интервенции
-
Во Струмица ќе се градат дополнителни 5,5 километри велосипедски патеки
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Интеграцијата на ЕУ да се темели на напредок, а не билатерални прашања