Се регулираат Морошка и Видовишка река

Целосна регулација и уредување на Морошка и Видовишка река во населените места Мородвис и Видовиште, реализира општина Зрновци.
Како што соопшти градоначлалникот Блаже Станков, изградени се и мостови за моторни возила, како и за пешаци.
- Првиот проект се однесува на регулацијата и уредувањето на речното корито на Морошка река во село Мородвис, во должина од 410 метри, за што се инвестирани три милиони денари обезбедени преку Секретаријатот на Швајцарската конфедерација. Извршена е целосна регулација и уредување на Морошка река со што се ублажени силните налети на вода кои најчесто создаваа проблеми на блиските куќи и дворови. Бидејки се работи за централно градско подрачје на село Мородвис, веќе не постои опасност од излевање на водата и уништување на патната и водоводна мрежа, истакна Станков.
При поплавите во февруари 2015 година, додаде, речното корито на Видовишка беше целосно нарушено и преставуваше огромна препрека за граѓаните од Видовиште особено за оние кои живеат долж левата страна.
- Од тие причини општина Зрновци обезбеди три милиони денари и целосно е извршена регулација и уредување на кејот. Средствата се обезбедени од Бириото за рамномерен регионален развој. За непречено поминување на жителите преку реката Видовишка, општината изгради два моста за моторни возила, информира градоначаникот.
Ново на Сител
-

Ким повторно именуван за претседател на Северна Кореја, Путин упати честитки
-

СДСМ: Мерките се задоцнети
-

Изминатите три дена 1699 сообраќајни прекршоци, уапсени 60 лица за безобѕирно управување на возило
-

Истражување: Некои бактерии можат да преживеат меѓупланетарни патувања
-

Реал го победи Атлетико во дербито на Мадрид
-

Меси го надмина Пеле по број на голови од слободен удар
-

РФМ во Белград ќе договара заедничко натпреварување со Србија и со Црна Гора
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
