Џет-Сет
22. August 2015 - 12:14

Се разведува еден од најпознатите српски парови

Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се разведуваат после пет години заеднички живот, пишуваат српските медиуми.

Пејачот пред три дена преку својот адвокат испрати барање за покренување на парнична постапка, а како главна причина ги наведе зачестените расправии.

Аца долго време се обидувал да го зачува бракот, но расправиите довеле до тоа тој да побара развод. Кога поднесол барање, седнал со Соња да разговара, пишуваат српските медуми.

Се договориле од оваа ситуација да не прават циркус поради ќерката. Се сложиле да не разговараат за тоа многу во јавноста.