Се разработува идеја за фотосафари во НП „Маврово“
Националниот парк „Маврово“ е најголемото заштитено подрачје по површина во Република Северна Македонија и годинава одбележува седум децении од добивањето на тој статус. По тој повод разговараме со првиот човек на оваа институција Самир Ајдини за актуелната состојба, предизвиците и плановите на менаџментот поврзани со заштитата на природното богатство и развојот.
-Специфично е тоа што НП „Маврово“ е еден од поголемите паркови во регионот, а можеби и во Европа. Во него живеат околу 11 илјади жители во околу 36 населени места според последниот попис. Локалното население е од различна религиозна и национална припадност и соживотот е карактеристика по која целиот регион е препознатлив. Сепак, НП „Маврово“ изобилува со богата флора и фауна и е природно живеалиште на балканскиот рис, кафеавата мечка, дивата коза, радичката пастрмка. Орографски гледано, пак, на уникатноста упатуваат и овие податоци за нашиот парк: 86 планиски врвови со височина со над 2.000 метри н.в., распослани на четири планини Кораб, Бистра, Шар Планина и Дешат, шестклиматски појаси почнувајќи од 600 метри н. в. со топла континентална клима до над 2.250 метри н. в. со појас на алпска клима, 16 кањони, 42 пештери, извори, леднички езера, водопади, растителни ендемски видови. Пристапноста и нашата местоположба се речиси идеални. На најмногу 90 минути патување со автомобил се доаѓа до два аеродрома. Сепак, најзначано и препознатливо за нас е и тоа што на нашата територија се наоѓа и најголемиот и ски-центар во нашата земја, смета Ајдини,
Според него Националниот парк „Маврово“ нуди повеќе содржини што се интересни преку целата година.
-На територија на паркот се наоѓаат убави и значајни места, локалитети и културно-историски споменици, како врвот Голем Кораб, како највисок во земјава и еден од највисоките врвови во регионот, старите и убави мијачки села, водопадот Пројфел на Длабока Река, потопената црква „Св. Никола“, но и сафари-паркот „Бунец”, манастирот „Св. Јован Бигорски“, мостот Елен скок, водопадот Дуф или Ростушки Водопад, ледничкото езеро Локув над Требиште и уште многу многу убави пејзажи.
Сите овие места се пристапни и до нив може лесно да се дојде. На територијата на паркот, речиси до сите најубави врвови водат преку 500 км маркирани планинарски и велосипедски патеки.
Ново на Сител
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар