-->
-->
Се разгледуваат понудите за останатите три географски целини од „Џумајлија“
-->
На 18 јануари годинава заврши огласот и за останатите три географски целини од „Џумајлија“.
Како што информира денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, на огласот се пријавени повеќе понудувачи, правни и физички лица, меѓу кои и странски компании.
- Комисијата ги разгледува понудите за да утврди кој понудувач има доставено комплетна документација. Тоа е услов за натамошно учество на електронското јавно наддавање, рече Костадиновски.
На огласот минатата година, едната од вкупно четирите географски целини на кои беше поделена „Џумајлија“, ја доби домашната компанија „Агрија“ која најави вкупна инвестиција од три милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 30-годишник за извршена тешка кражба, одреден притвор
-
Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела
-
Осумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Ќе се дистрибуира доверливиот материјал до ОИК за локалните избори
-
Дел од корисниците во Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров денеска без струја
-
Времето променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
Украина без струја по руски напади
-
Руте најави дополнителни мерки на НАТО за борба против дроновите