Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби соопшти дека се разгледува можноста за репатриација и евакуација на граѓаните на Република Северна Македонија кои се затекнати во Обединетите Арапски Емирати, преку копнената граница на Султанатот на Оман.
- Исто така, нагласуваме дека oграничен број летови беа во можност да ги напуштат Обединетите Арапски Емирати, преку аеродромот на Абу Даби и Дубаи, кои беа целна мета на нападите од Иран. Со овие летови беа евакуирани само патниците кои биле затекнати во трансфер зоните по овие аеродроми. Во таа насока, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби е во континуирана комуникација со властите на Обединетите Арапски Емирати, со цел да организира и да се разгледа можноста за евакуација и со други летови, одма по добивање на дозвола дека воздушниот простор на ОАЕ е безбеден за летање, се наведува во објавата на македонската амбасада во Абу Даби на нивниот фејсбук профил.
Сите заинтересирани лица може да пријават во ДКП Абу Даби.
Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532
Емаил адреса: abudabi@mfa.gov.mk
МИА
Ново на Сител
-

Kaрдиолошкиот центар со нова метода за третман на периферна артериска болест
-

Андоновски: Се подготвуваме за електронски попис
-

Велигденски базар во домот за стари лица „Мајка Тереза“
-

Ристески: Ќе се субвенционираат и оние предадени килограми тутун кои ја надминуваат количината од договорот
-

Католичките верници ги почнуваат Велигденските празнувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
