Живот
13. May 2017 - 21:28

Се разбудив и видов дека преку ноќ ногата ми скапала: Оваа исповед ќе ве остави без зборови

Ејми Копленд, е млада Американка која имала големи планови во животот. Во летото 2012 година се подготвувала за магистерски студии по психологија, била во стабилна врска и работела како келнерка за џепарлак.

И тогаш се тргнало наопаку...

Ејми завршила со работа на 1. мај и отишла кај колешката. Одлучиле да се избањаат во блискиот поток, над кој се наоѓала една жица за љуљање.

На почетокот се беше во ред, но одеднаш се слушна гласен тресок и жицата пукна. Паднав на острите камења и завршив во болница со повеќе од 20 конци.

-Неколку дена по повредата сфатив дека нешто не е во ред. И покрај користењето на антибиотици, ногата не ми реагираше. Ми се чинеше дека болакта ми се шири по останатиет делови од телото. Едно утро се разбудив и открив дека целата лева нога ми е скапана. Не можев да зборувам и се чувствував како да ќе умрам, вели Ејми.

Во болница брзо и откриле дека има некротичен фасциитис, болест позната и како бактерија која го јаде месото. Антибиотиците не делувале и лекарите биле свесни што треба да направат или бактериајта ќе ја убие.

Лекарите во болницата побарале ампутација на левата нога и дел од абдоменот за да го спречат ширењето на бактеријата.

Не се сеќавам на тие оепрации, зошто бев на апарати за дишење. Се сеќавам дека татко ми ме држеше за рака и ми рече:

-Ејми овие раце не се здрави. Го отежнуваат твоето опоравување. Лекарите сакаат да ги ампутираат, а и стапалото за да можеш да преживееш, ми рече.

Се согласила. Останала без сите екстремитети. Се и ампутирале.

- Луѓетп сакаат да ме жалат, но ја водам одличен живот. Сета моја болка ме научи на благодарност зошто созреав како личност. Толку многу изгубив и повеќе немам од што да се плашам, вели храбрата Ејми која има добро момче кое и помага во животот, а ги завршила и студиите по психологија и работи како психотерапевт.