Се разбудила во авион во текот на летот со туѓа рака меѓу нејзините нозе: Патничка ја тужи компанијата зошто сексуално била нападната од сопатник
Една патничка ја тужела авиокомпанијата откако наводно се разбудила во текот на лет и затекнала маж покрај неа како мастурбира.
Кога се пожалила на посадата, неа наводно и е речено да се врати на своето место.
Таа тврди дека кога се разбудила затекнала еден маж како „се трие од нејзиното бедро“ и се обидова да и влезе во панталоните.
Вели дека му рекла да престане и повторно заспала, а кога се разбудила тој ја држел за вагината и мастурбирал.
Инцидентот го пријавила на аеродромот, во полицијата на Сан Франциско и на ФБИ. Адвокат во Сан Франциско поднел кривична пријава против мажот, но тој е ослободен во јуни 2017 година/
Патничката сега бара 75.000 долари оштета, обвинувајќи ја авиокомпанијата за тоа што не ја заштитила откако ја известила посадата за нападот.
Како што се наведува, мажот испил „најмалку 3-4 чаши водка“, а наводно му рекол на пилотот дека два месеци бил отустен од дома па му „недостасува жена и бил многу возбуден“.
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае