Македонија
19. December 2018 - 9:16

Се работи на расчистување на одронот на патот Делчево-Македонска Каменица-Кочани

Се уште се прават напори за оспособување на патниот правец Делчево-Македонска Каменица-Кочани, откако синоќа се сруши карпест рид и го блокираше патниот правец А3.

Градежна механизација на Македонија пат пристигна на терен околу 8 часот и според информациите кои ги добивме од вработен во претпријатието акцијата за расчистување ќе трае во наредните два до три часа. Според информации на возачи пак 10 товарни возила чекаат теренот да биде расчистен останатите се преупатуваат кон патниот правец Делчево – Берово – Виница – Скопје.

Одроните настанале синоќа околу 18:30 часот на местото после таканаречената “црна точка” на патниот правец Делчево – Каменица. За оние кои патуваат од Делчево за Скопје сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Делчево-Бигла-Виница.