Македонија
7. September 2024 - 16:34

Се проширува пожарот во Мариово, два ер-трактори и полициски хеликоптери се неисправни

Не стивнува пожарот во Мариово - огнот зафати 1.600 хектари, а огнената линија е раширена на 110 километри. Пожарот се гаси и од копно и од воздух, на терен се над 200 професионалци што пробуваат да го стават под контрола но теренот е тешко пристапен, во гаснењето на пожарот помага само еден ер-трактор, бидејќи другите два не работат. Не се во функција ниту двата полициски хеликоптери.  Денеска е вклучен и армискиот хеликоптер.

Најмногу е опфатена нискостеблеста растенија, трева и деградирана шума и не е во големи размери опфатен шумски појас. Седми ден продолжува борбата со пожарот во Мариово, кој според ЦУК е најраширен и најтешко се гасне, а пожарникарите како и другите екипи кои се вклучени во стабилизирање на огнот, се надеваат на дожд кои ќе им помогне во локализирањето на пожарот. На терен и доброволци и жителите од околните села помагаат со огнената стихија.

Покрај пожарот во Мариовско, на територија на Македонија во моментов има девет активни пожари,  а еден е ставен под контрола.