Се проширува детската градика во Илинден
Градинката „Гоце Делчев“ во населеното место Марино, Општина Илинден ќе добие нов објект. Инвестицијата за изградба од 15.000.000 денари се обезбедени од Општина Илинден, а Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителни 4.000.000 денари. Почетокот на изградбата го означи министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов заедно со градоначалникот Жика Стојановски.
- Очекуваме до крајот на годината да се заврши овој објект и да се пушти во употреба со што значително ќе се зголеми капацитетот на постоечката градинка. Владата на Република Македонија, во соработка со Општина Илинден, изминатите неколку години интензивно инвестира во создавање и градење капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст, односно првпат во 2009 беше направен објект и отворена детска градинка со капацитет од 80 деца, дополнително во 2012 година се зголеми капацитетот на 230 деца и сега со оваа нова инвестиција, овој објект кој што ќе содржи 5 занимални со капацитет од 120 деца ќе се зголеми значително и ќе изнесува 350 дечиња, што е показател за сериозните инвестиции на Владата на Република Македонија и општина Илинден во создавање и континуирано унапредување на условите за згрижување на деца од предучилишна возраст, рече министерот Спасов.
Тој истакна дека соработката со Општина Илинден продолжува и понатаму, односно набрзо се очекува отворање на Дневен центар за стари лица и исто така да започне изградба на приватен старски дом кој ќе биде најголем во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Хрватска ќе уништи речиси 12.000 свињи поради африканска чума
-
Скопјанец ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари
-
Орбан: Ако Украина влезе во ЕУ, и војната ќе дојде со неа
-
Еди Рама сè уште не добил честитки од косовските лидери за четвртиот премиерски мандат
-
ДИК: Потврдени 303 листи за градоначалник на општините и на Град Скопје
-
Франција заплени 1,5 тони кокаин вреден 36 милиони евра
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените