Се пробиваат па ќе се асфалтираат три улици во неготинско Тимјаник
Општина Неготино започна пробивање на три улици во село Тимјаник, кои подоцна и ќе се асфалтираат. Од локална самоуправа денеска информираа дека проектот со кој се опфатени три улици во вкупна должина од илјада метри, чини 10 милиони денари.
-Во моментов се изведуваат зафати на најдолгата улица која води кон гробиштата и земјоделските површини лоцирани во атарот на Тимјаник, во должина од 530 метри. Во консултација со изведувачот, а на барање на населението, истата ќе биде продолжена за уште 30 метри, соопштија од Општината.
Информираат дека работници на фирмата изведувач работат на уште една улица во селото во должина од 260 метри, а со проектот ќе биде изградена и асфалтирана уште една улица во должина од 210 метри.
Сите три улици ќе бидат со ширина од по пет метри.
Ново на Сител
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас
-
Ахмети: Ако Македонија не влезе во ЕУ, тогаш некои ќе одат со Бугарија, некои со Албанија
-
Две возила и магацин на маркет изгореа ноќеска во центарот на Скопје кај Зелен пазар
-
Филипче ја презентира резолуцијата на црвените линии во евроинтеграциите
-
Ден без автомобили во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство