Се преполови цената на пролетната зелка
Побарувачка има, а цените паѓаат. Претставниците од земјоделските здруженија реагираат поради намалените откупни цени на пролетната зелка. Велат во рок од два дена цената од 30 е преполовена на 15 денари за килограм . Ваквиот драстичен пад за нив не е логичен бидејќи како што велат во моментов се нуди нај квалитетното производство. Сегашните цени не биле доволни да ги покријат ниту производствените трошоци, а не и да заработат.
Земјоделците бараат одговори, но и интервенција од надлежните институции. Инсистираат на поголеми контроли на терен за да се утврдат причините поради драстичниот пад на цените.
Дека цената е ниска се сложуваат и откупувачите, но велат тоа било резултат на зголемената понуда пред се на домашно производство на пазарите каде извезуваат. Традиционално македонската зелка се пласира во Украина, Полска, Скандинавија и бившите југословенски простори.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар