Се пренасочува патот Крива Паланка-Куманово

Сообраќајот на магистралниот патен правец А2 , Куманово - Крива Паланка, се пренасочува преку алтернативен пат откако беше затворен за сообраќај пред околу два часа поради големи одрони што ги зафатија двете коловозни ленти кај село Ругиннци, кај месноста викана „Ругинска кривина“.
-Екипите на Јавното претпријатие за одржување регионални патишта „Македонија пат“ се на терен, механизацијата работи интензивно, но прекинот се уште трае, информира раководителот на секцијата на „Македонија пат“, Крива Паланка, Боби Димитровски
Нагласи дека сите возила се пренасочуваат по алтернативен пат.
-Сообраќајот засега, со помош на службеници од Секторот за внатрешни работи и вработените во ЈП „Македонија пат“ се насочува кон стариот пат Куманово-Крива Паланка, кај Грушино, прецизира Димитровски.
Ново на Сител
-

СДСМ го освежува раководството
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Safe City би можел да биде пролонгиран за еден месец – за еден ден регистрирани 110.000 прекршоци
-

Гаши очекува власта и опозицијата да се договорат за една анкетна комисија за Кочани
-

Средба Муцунски - Калас во Брисел
-

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра
