Македонија
13. January 2022 - 12:38

Се прави проценка на штетите по земјотресот во Битола

Материјалните штети на дел од објектите во Битола кои беа резултат на серијата земјотреси во овој регион, го покрена прашањето за самата градба на објектите, без разлика дали се работи за индивидуални објекти или административни згради.

Министерот за транспорт и врски вели дека во овој дел постојат јасно утврдени законски процедури.

За еден објект воопшто не треба да се води полемика дали е статички стаблен или не, вели министерот.

Екипи на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија деновиве се на терен низ Битола и со цел да ја проценат состојбата после серијата земјотреси.