Сè повеќе Палестинци бегаат од северниот дел на Газа додека израелската Армија ги засилува нападите
Сè повеќе палестински цивили бегаат од зоната на конфликтот во северниот дел на Појасот Газа додека израелските воздушни и копнени напади се интензивираат, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања, пренесе Бета.
Околу 15 илјади луѓе избегаа вчера, во понеделникот околу пет илјади, а во неделата две илјади.
Израелската војска ги повикува Палестинците да се преселат во јужниот дел на Газа и да го сторат тоа, како што се вели, во текот на четирите часа секој ден кога им обезбедува безбеден премин.
Најмногу бегаат децата, постарите и лицата со посебни потреби, соопшти агенцијата на ОН. Многумина одат пешки и носат многу малку работи со себе. Некои од нив кажале оти морале да поминат низ израелските контролни пунктови за да стигнат на југ и биле сведоци на апсења. Други, пак, дека поминале покрај израелските тенкови со кренати раце и веејќи бели знамиња.
Густо населениот северен дел на Газа, особено главниот град и околните бегалски кампови, се во фокусот на израелските напори да го уништи Хамас, екстремистичката исламска организација која владее со Појасот Газа веќе 16 години.
Според ОН, околу 1,5 милиони од вкупно 2,3 милиони жители на Газа се раселени.
Жителите синоќа слушнаа силни експлозии во градот Газа и блискиот камп Шата, а израелската војска соопшти дека војниците се борат со силите на Хамас длабоко во густо населената област.
Министерството за внатрешни работи на Хамас утринава соопшти дека во воздушен напад била погодена куќа во близина на бегалскиот камп Џабалија. Жител на градот Газа рече дека гранатирањето било силно и во близина и луѓето ги фатило паника кога доцна синоќа слушнале дека израелските копнени сили се борат длабоко во градот.
Министерството за здравство во Газа вчера објави дека од 7 октомври досега се убиени повеќе од 10.300 Палестинци, од кои повеќето цивили во малата енклава.
Во Израел денеска беше потврдено дека од почетокот на копнената операција на 27 октомври загинале 31 војник.
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола