Македонија
27. May 2022 - 12:19

Се повеќе граѓани користат е-услуги

Се зголемува бројот на граѓани кои започнуваат да ги користат Е-услугите, доказ за ова било тоа што на порталот uslugi.gov.mk во период за 18 месеци бројот на е-услугите се зголемил од 50 на 75. 

Пред 18 месеци имало 30.000 корисници на овој портал, а сега околу 75.000. ОД НВО АГТИС за 18 месеци поминале 30-тина места во прилепско-долненскиот крај и биле опфатени 10.000 граѓани кои биле запознати како да пристапат до овие услуги. 

Од таму велат дека потребно е поголема едукација на ова поле и поголема достапност на овие услуги од страна на институциите, особено оние на локално ниво, како на пример во Општина Прилеп.

„Имаме посебна категорија на општинската страна, е-услуги но за жал кога ќе пристапите на услугите вие можете да видите дека само барањата можете да ги прочитате, да си го земите барањето да го испечатите и да го поднесите директно на шалтер. Убаво стои на страната: услуга доставете ја во нашите простории. Значи во моментот локални услуги многу малку имаме“, Благица Цветкоска, проектен координатор.

По укажувањето дека законски мора да се има и секторот „Пријави проблем“, истиот е повторно активиран на сајтот на Општината каде граѓаните може да пријават проблем во 8 категории. Но сите општини за да ги трансформираа услугите во електронски бараат помош или од Владата или од ЗЕЛС бидејќи немале пари за тоа.

„И е многу важно не само услугата кога ќе се изработи да биде електронски тој процес, понатаму самата одржливост, кој би ја одржувал доколку се поднесе преку некоја фирма, па тендерска документација и затоа тие бараат и сакаат дел од услугите кои ќе бидат електронски да се направат со помош на Министерството за локална самоуправа“, додаде Цветкоска.

Придобивките од е услугите се голем: граѓаните нема да се гужваат по шалтери, побрзо ќе ја добијат бараната услугата и ќе се намали корупцијата. 

„Поголемиот дел од граѓаните и од домаќинствата во Македонија имаат електронски уреди и пристап до интернет. Можат да ги искористат како што на пример плаќаат паркинг преку телефон, истото тоа да го направат преку својот телефон да си извадат некое свое барање“, рече Мартина Билјаровска, асистент во проектот.

Од НВО АГТИС и преку карикатури се обиделе да ја претстават потребата од воведувањето на е услугите и едукацијата на населението за истите.