Се повеќе бизниси водени од жени, недостига техничка и финансиска поддршка
Бројот на претпријатијата водени од жени во Македонија е значително зголемен, но техничката и финансиската поддршка е на се уште ниско ниво, беше речено на денешната средба на жените претприемачи од Македонија со жени од деловниот и невладиниот сектор од Косово.
Сопственоста, финансиските ресурси и образованието, економско или професионално, се клучните бариери кои често ги спречуваат жените да бидат активно вклучени во деловниот секторот. Тоа го оневозможува и евентуалното реализирање иницијативи кои ги имаат за отворање бизнис или проширување на постоечкиот.
- Со споменатите проблеми се соочуваме со години и тоа се одразува на нискиот број на жени претприемачи, малиот број на претпријатијата регистрирани на име на жените, па дури и неподготвеноста на младите девојки да преземат иницијативи во економскиот сектор, рече претседателката на Групацијата на бизнис жени (ГБЖ) при Стопанската комора на северозападна Македонија Гзиме Фејзи.
Нејзината заменичка, пак, Мерита Рамадани Алими потенцира дека ваквите состаноци се многу важни за да се нагласат проблемите со кои се соочуваат жените, да се разговара за преземените иницијативи за надминување на бариерите и за потребните мерки за идентификување на политиките што треба да ги преземат јавниот и приватниот сектор.
- Претприемништвото, иновациите и регионализацијата на бизнисите е една од нашите стратешки цели со посебен акцент на младите и женското претприемништво, соопшти Алими.
Средбата ја организира ГБЖ во соработка со Здружението Women 4 Women од Приштина, а гостите ги поздрави и градоначалникот на Гостивар Невзат Бејта кој понуди целосна институционална поддршка и изрази сигурност дека меѓусебните разговори ќе поттикнат интересни идеи за развој на нови бизниси.
Целта на посетата на жените од Косово беше презентирана од страна на Women 4 Women и претставниците на невладината организација Жените од Брезовица. Средбата продолжи со посета на бизнисите раководени од жени во општина Гостивар.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево