Се поставуваат препумпни уреди за фекална канализација во Илинден
Во рамки на реализацијата на капиталниот проект на Општина Илинден „Изградба на фекална канализација за прифаќање, третман и одведување на отпадните води“, се поставуваат шест препумпни уреди, како завршен дел од првиот сегмент од фекалната канализација во населба Илинден-припадна површина 7, соопшти денеска општината.
Досега се изградени 3.400 метри канализациски систем и комплетно е изградена и инсталирана пречистителна станица со капацитет од 1.250 еквивалент/жители. Со изградбата на овој дел од фекалната канализација се решава проблемот со отпадните фекални води на околу 330 домаќинства од населбата Илинден.
Од Општина Илинден информираат дека инсталираната пречистителна станица е комплетно автоматизирана и претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 30 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Илинден.
Се планира градежните активности да бидат завршени до крајот на септември и системот да биде пуштен во употреба.
Покарај овој сегмент од фекалната канализација, досега комплетно изградени и предадени во употреба се два система во населените места Марино и Кадино.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител