Се поставува нов мост на реката Драгор во Битола
Реката Драгор која низ градското подрачје на Битола тече под 17 помали или поголеми мостови, наскоро ќе има уште еден нов, 18 мост што ќе ги поврзува населбите „Јени Маале“ и „Карпош“.
Според хроничарите, на местото каде што сега се поставува новиот мост постоел стар мост кој бил срушен во 1958 година од тогашната голема поплава и надојдените води во реката Драгор.
- Изградбата на новиот мост се врши со средства од Буџетот на општината и со дополнителни донирани средства во висина од 1 милион денари. Поставувањето е во завршна фаза со што воедно целосно се исполнува програмата за реконструкција на мостовите на реката Драгор, истакна градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески.
Првиот мост во градското подрачје е мостот „Довлеџик“, а поголем дел од мостовите на реката Драгор во Битола имаат свои имиња и историја, како што се „Црн Мост“, „Дрвен Мост“, „Гимназиски“, мостовите кај Ректоратот, општината, судот и безистенот, „Мостот на вљубените“, „ Ленски Мост“, „Мостот Сали“, мостовите кај рибарниците и валајчарите, или железнички мост кои се именувани од локациијата на која се поставени.
Ново на Сител
-
Притвор и кривична за лице од Богданци за криумчарење на 10 мигранти
-
Нетанјаху ги осуди налозите за апсење на МКС за воени злосторства
-
Сиљановска Давкова денеска на Шекеринска ќе и го честита изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО
-
Започна новогодишното украсување во Центар
-
Залужни: Третата светска војна веќе започна
-
Орбан: Ќе го поканам Нетанјаху да ја посети Унгарија
-
Најстудено и утрово во Берово со минус пет степени
-
Мицкоски и Меџити ќе се обратат на свечена академија по повод Денот на албанската азбука