Се породувала со маска на жирафа: Ја гледаа милиони луѓе
И додека милиони луѓе во светот во живо чекаат породување на жирафата Април од Њу Јорк преку Јутуб, кое никако да се случи, „човечката жирафа“ Ерин Диетрич роди син.
Мајката на три деца од америнканскиот град Муртл Бич стана интернет сензација кога, пред неколку недели, објави видео во живо на Фејсбук на кое носи маска од жирафа на глава.
Со тоа ја исмеа зоолошката градина Animal Adventure Parkкои кои преку Јутуб одлучија да го пренесуваат доаѓањето на свет младенчето на жирафта Април, пишува USA Today.
Во средата повторно Ерин емитувала во живо на Фејсбук, но овој пат од болнички кревет. Го држела новородениот син во прегратка, а на главата повторно имала маска од жирафа.
Кон камерата праќала бакнежи, мрдала со рамената, и вртела лево - десно. Видеото имало повеќе од два милиони прегледи.
Ерин по професија е фотограф, а вели дека во последните денови од бременоста патела од несоница поради што почнала да го следи преносот од породувањето на жирафата Април.
- Кога и да не можев да заспијам, ќе проверев што прави Април и дали се породила, вели Ерин.
нејзиниот сопруг вели дека не може да сфати поради што Ерин е опседната со жирафата“, но сепак прифатил да порача маска поради забава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата