Се помалку вработени на неопределено - Работодавачите ги користат договрите на определено
Газдите се помалку склучуваат договори на неопределено време со работниците. Податоците на АВРМ од лани покажуваат дека од над 184 000 пријави за вработување околу 100 000 биле на определено време или сезонско вработување. Тука влегуваат и договорите за ангажман на неколку дена.
Главната причина за овој тренд е тоа што работодавачите со овие договори полесно можат да им дадат отказ на вработените, додека договорите на неопределено потешко се раскинуваат. Поради ова тие се одлучуваат да ги ангажираат работниците на месец, половина или една година. Додека работниците имаат минимална сигурност за работното место, работодавачите имаат законско право да го продолжуваат ваквиот договор максимум 5 години.
Со договорите на определено работниците ги имаат истите права како и оние со неопределено. Односно социјално и пензиско осигурување, одмор и слично. Но, не можат да земат кредити од банките.
Пред извесно време ССМ излезе со стратешки документ во кој една од предложените измени на работното законодавство е максималниот период до кој газдите можат да ги склучуваат договорите на определено да биде од 2 до 3 години.
-Оние кои работат на определно време добиваат за околу 30 проценти помала плата од оние кои се вработени на неопределено време, а да не зборувам за оние кои имаат приправнички стаж чии плати се и 50 проценти пониски од оние кои имаат редовен работен однос. Тоа доволно говори дека сигурноста на работните места мора да ја зајакнеме и затоа одиме на тоа работниот однос во договорите за вработување којшто сега за определено време изнесува пет години, да се намали на две, односно три години, рече Митрески.
Економско социјалниот совет го усвои документот со кој треба да се подобрат правата на работниците. Се чека формирањето на Влада за да биде доставен.
Трендот на привремено вработени лица е се поприсутен не само кај нас туку и во другите европски земји.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
