-->
-->
Се појави ново чудо од Јамајка
-->
Јусеин Болт го најави своето повлекување по Светското првенство во Лондон, но Јамајка има нова атлетска сензација, 12-годишната Бријана Листон. Младата атлетичарка на националното првенство за помлади категории во Кингстон, победе во трката на 200 метри со резултат 23,72 секунди.
Бријана Линстон на националниот шампионат на Јамајка, за помлади категории, делницата од 200 метри ја претча со резултат 23,72 секунди, што е за само две секунди побавно од актуелниот светски рекорд поставен во финалето на Олимписките игри во Сеул во 1988 година.
Рекордерка на 200 метри е Американката Флоренс Грифит-Џојнер, таа во Сеул на 29-годишна возраст трчаше 21,34 секунди.
„Пресреќна сум поради победата, но мислам дека можам да трчам уште побрзо“, рекла Листон, која победи и на трката на 100 метри со пречки со резултат 11,86 секунди.
Бријана Листон во Јамајка е прогласена за „чудо“ пред две годни, кога победи на трката на 300 метри со резултат 42,41, време кое за една секунда било пибрзо од она кое го постигнал најбрзиот во машката трка.
Тинејџерката Листон ја споредуваат со Болт, бидејќи тој вниманието на стручњаците го привлекол на истото натпреварување. Болт е сопственик на осум олимписки медали, рекордер е на 100 и 200 метри, а на светските првенства има освоено 11 златни медали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
-
Успешна спасувачка мисија на Водно, две лица безбедно пронајдени и евакуирани
-
Најмалку 10 лица загинаа, а над 430.000 жители на Филипини се евакуирани поради тајфунот Буалој
-
Масовен протест во ОН: Околу сто делегати ја напуштија салата на почетокот на говорот на Нетанјаху
-
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ
-
Гаши: Бошњаците се значајна карика за нашата држава
-
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-
Алиу: Немам информација дека овошјето и зеленчукот од Трубарево не треба да се јадат