Се подготвуваат измени на Законот за извршување
Се подготвуваат измени на Законот за извршување кои од Комората на извршители најавуваат дека ќе бидат во насока на поголема ефикасност на извршувањето.
Претседателот на Комората на извршители Зоран Димов денеска изјави дека со Министерството за правда ќе работат на тоа законот во иднина да стане функционален и извршителите да бидат ефикасни, како што биле пред стапување во сила на законот што почна да се применува од оваа година.
- Со повеќе одредби што беа донесени во 2016 година, а почнаа да се применуваат во 2017 година, се воведоа некои институти кои дотогаш не постоеја, а кои доведоа до успорување на извршувањето што, пак, значи зголемување на каматите на должниците, рече Димов, одговарајќи на новинарско прашање по потпишување на меморандумот за соработка со Управата за водење на матични книги.
Во однос на тарифникот на извршителите, Димов вели дека имаат најниска тарифа, пониска и од адвокатите и од нотарите, но оти во следниот период треба да се организираат за сите услуги да бидат подостапни до граѓаните.
И претседателот на Комората на адвокати Никола Додовски вели дека нивните тарифи се најниски во регионот и оти за првпат по 25 години е зголемена тарифата, но многу помалку од она како што е предвидено во Законот за адвокатура.
- Во законот постои одредба дека адвокатските трошоци треба да се усогласуваат со трошоците на живот. 25 години тоа не е вршено, изјави Додовски.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори