-->
-->
Се ожени Џастин Бибер
-->

Тие се венчале во четвртокот, само два месеци, откако Џастин и предложи брак на Хејли.
Нивната веридба беше изненадување како за фановите, така и за нивните семејства.
Тие беа во врска, но се разделија во 2016 година, по што многу брзо двајцата продолжија со нови романтични односи. Од пролетва тие се повторно заедно и се вљубени и многу среќни.
Интересното е дека дури и по нивната разделба во 2016 година, Џастин отворено изјавуваше дека се уште ја сака Хејли.
- Не сакам да брзам и да започнам нешто ново. Што ако Хејли сепак е девојката со која ќе се оженам еден ден? Не сакам да бидам со друга и еден ден ќе морам да се справам со тоа. Таквите работи тешко се преживуваат, изјави во една прилика Џастин.
Извори блиски до познатиот пејач изјавија дека тој секогаш имал силни чувства кон Хејли и дека и двајцата се познаваат многу добро, па нивната свадба всушност не е непромислен каприц.
Џастин и Хејли наскоро ќе имаат и црковна свадба, најавија истите извори за „Пипл“.
Хејли наводно не сака голема и помпезна свадба, но има многу романтични замисли за настанот.
- Сакам насекаде да висат светилки. Би било многу убаво, ако се случи во шумата, ја пренесува „Пипл“ нејзината изјава
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До сега 59 загинати во големата трагедија во Кочани
-
Тошковски: До сега 20 осомничени, 15 приведени, одговорност ќе има!
-
Дискотеката Пулс немала ниту дозвола за работа од Економија, ниту елаборат кој се набавува од ДЗС
-
Деканот на Градежен факултет: Правила и регулативи постојат, совеста кај одговорните лица треба да е на високо ниво за да се избегнат трагедии
-
Сведоштво од преживеана 20-годишна девојка од дискотеката во Кочани
-
13 пациенти се транспортирани во соседните држави на лекување
-
Во штипската Клиничка болница сместени вкупно 31 пациент
-
Пораки за сочувство од државниот врв