Се ожени Борко Ристовски

Репрезентативниот ракометен голман и чувар на мрежата на „Барселона“ конечно се ожени со Николина, која набрзо треба да го роди нивното прво дете, синот Душан.
Убавата кумановка Николина – Нина, која е во осмиот месец на бременоста, го задржала своето презиме, кое е исто со презимето на Борко.

„Од вчера и законски во брак. Колку и да не е важно што постои на лист хартија, моментот е многу посебен и на свој начин емотивен. Совршенство не постои, ниту идеални врски и односи, но вистинска љубов постои и може да биде прекрасна доколку двајца пронајдат заеднички јазик, доколку имаат меѓусобно разбирање и трпение и доколку секој ден се грижат еден за друг без разлика на се. Јас сум среќна за сите заеднички моменти и се надевам дека низ животот заедно ќе раснеме и ќе бидеме само подобри луѓе заедно“ –напишала г-ѓа Ристовска на еден од своите профили на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
