Свет
9. јуни 2016 - 12:48

Се отвори крaтер во близина на Парламентот во Отава

Непосредно во близина на канадскиот парламент, се отворл кратер во кој паднало комбе, поради што целата област е евакуирана, а според изјавите на надлежните, нема повредени лица. 

Трговскиот центар и зградата кои се наоѓаат блиску до големата крстосница кај парламетот во Отава се евакуирани, а големиот кратер за кратко време се наполнил со вода, јави Танјуг. 

Според првичните информации од кандаските медиуми, станува збор за инфраструктурен пропуст. 

Иако во таа област се врши иградба на тунел, градоначалникот Џим Вотсон вели дека е прерано да се зборува за причината поради која се отворила дупка на улицата.