Се отвораат внатрешните делови на угостителските објекти во Грција, на плажите од денеска дозволена музика и алкохол

Од денеска во Грција се отвораат внатрешните делови на кафулињата и угостителските објекти, како и рестораните што се во рамките на хотелите, додека пак на организираните плажи дозволено е да се постават маси, да се пушта музика и да се служат алкохолни пијалаци.
Паралелно, од денеска, по речиси тримесечен прекин, почнува грчкото фудбалско првенство.
Дополнителното олабавување на мерките е во рамките на планот на грчката Влада за постепено враќање на земјата во „новата нормалност“.
Во внатрешниот дел на кафулињата и угостителските објекти, дозволено ќе биде едно лице на 2.2 метри квадратни, растојанието меѓу масите треба да биде 90 сантиметри, едно метро и 20 сантиметри или едно метро и 80 сантиметри во зависност од поставеноста на столиците.

За рестораните во хотелите е предвидена шведска маса, тогаш ќе има задолжен келнер или вработен во хотелот што ќе ги послужува гостите, а за ќе треба да има и заштитен плексиглас. Гостите, задолжително ќе треба да одржуваат растојание од еден и пол метар.
Со исклучок на неколку конкретни бизниси и активности, Грција, до почетокот на следниот месец се очекува целосно да се врати во „новата нормалност“, откако ќе се спроведат и новите фази од планот на грчката Влада за дополнително олабавување на мерките.
Од понеделник почнуваат со работа ноќните клубови и коцкарниците, од 15 јуни фитнес центрите и музеите, од 1 јули е дозволено одржување конференции и концерти, а секако сите ќе работат под конкретни правила и прописи.
Од денеска до 1 јули, на работа ќе се вратат 13 отсто од вработените, односно 89.000 лица, а одново ќе се отворат 63.000 бизниси.
Со оглед на тоа дека понеделник е неработен ден во Грција, поради Духовден, Грците се чини дека максимално го користат првиот продолжен викенд по карантинот, па од вчера попладне и од утрово се забележува зголемена фреквенција на автомобили на автопатите во Грција.
Вчера попладне имаше големи редици возила на патарините за излез од Солун и Атина, а зголемена е и фреквенцијата на најголемото грчко пристаниште Пиреас.
По укинувањето на рестриктивните мерки на 4 мај, ова е прв продолжен викенд во Грција и прв викенд откако се отворија хотелите што работат во текот на целата година.
Ново на Сител
-

ЗОО Скопје: Заловеното животно во Козле е волк, не куче
-

ИЕА очекува пад на производството на нафта во 2026 година на околу 102,2 милиони барели дневно
-

Полицаец во обид да избегне лисица паднал со службен мотор на Водно
-

Мицкоски: Разгледани клучните реформски приоритети за европската интеграција
-

АХВ: Не сме дале изјава дека вчера заловеното животно во Козле е куче, а не волк
-

Паника и недостиг од излези во „Пулс“, стои во пишаните сведоштва на две девојки, одбраната побара да не се прифатат овие докази
-

Јаневска по случајот со повредениот ученик: Неопходна е секторска соработка, но и родителите да посветат внимание на своите деца
-

ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори, вели Мицкоски
