Македонија
13. July 2020 - 19:37

Се отвораат базените, на плажа ќе се оди со маска

Стартува сезоната на капење, Владата донесе протоколи за отворање на базените и плажите. Носењето маски останува задолжително за граѓаните а освен тоа ќе мора да држат дистанца и во вода. Базените и околината на плажите ќе треба редовно да се чистат и дезинфицираат. Редари ќе го регулираат присуството на лица, бидејќи истото се ограничува на максимум 15 лица на 100 м2. Пред да влезат во базен задолжително е туширање и дезинфицирање. Лежалките мора да бидат одалечени една од друга со минимум 4 метри растојание и да се дезинфицираат пред користење. Забрането е употреба на соблекувални и групните игри како одбојка на плажа.

Владата ја укинува одредбата со која се ограничуваше бројот на лица кои можат да седат на иста маса во угостителски објекти. Од сега во кафуле и кафеана ќе може да седнат повеќе од двајца иако не се во роднинска врска. На последната седница е усвоена информација и за можноста Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД 19.

Владата ја задолжува Комисијата за заразни болести да изработи протокол за реализација на државните настани за време на прославата за Илинден.