Се отстрануваат диво поставени тезги околу Зелениот пазар

Инспекцијата на општина Центар спроведува акција за отстранување диво поставени тезги и диви препродавачи околу Зелениот пазар.
- По опомената, дел од дивите препродавачи продолжија со продажба на индустриски и земјоделски производи на недозволено место, на пристапните патеки и тротоарите околу пазарот. Одземена им е стоката и изречена е глоба во висина од 50 евра во денарска противвредност, според Законот за јавна чистота, информира општина Центар.
Акцијата се спроведува на барање од граѓаните и нивните поплаки дека не можат да се движат и да дојдат до своите влезови. Акцијата продолжува и во наредните денови и е во координација со Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот пазарен инспекторат, Инспекција на Град Скопје и службени лица од МВР.
Ново на Сител
-

Собранието дебатира за владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
-

Запален автомобилот на обвинетиот судија Ѓоко Ристов
-

Градежно вештачење за „Пулс“, безбедноста целосно игнорирана
-

Драстично поскапува дизелот
-

Граѓаните пријавиле доход од речиси 10 милијарди евра остварен лани
-

Реконструкција на касарната Ќојлија
