Се организираат подготовки за Бадниковата литија во Тетово
Започнаа подготовките за третата по ред Бадникова литија во Тетово, која ја организираат православните свештеници при Тетовско-гоствиварската епархија на Македонската православна црква.
– Со благослов на нашиот митрополит господин Јосиф, в недела во 11 часот
ќе се одржи прва средба и проба на децата кои ќе учествуваат во Бадниковите поворки, со ѓакон Илија Деспотовски. Место на проба ќе биде нашиот Соборен митрополитски храм „Свети Кирил и Методиј” во Тетово. Ги повикуваме родителите што повеќе деца да донесат за достојно да ја одбележиме Бадниковата прослава, истакна отец Александар Стојановски, старешина на храмот.
Во Тетово Бадникова литија прв пат се одржа во 2017 година. Учесниците ја изведуваат песната „Вечниот Бог“, движејќи се по градските улици.
Ново на Сител
-
Одложен судскиот процес за судењето на Раде Трајковски - Штекли
-
Дојран оваа сезона очекува 150 000 ноќевања
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат