Се одржа „Шопска свадба 2018"
Во кратовското село Куклица вчера се одржа манифестација „Шопска свадба“. Членови на културно-уметнички друштва од Куманово и Кратово со сценска адаптација ја презентираа традиционалната Шопска свадба.
Младенците и сватовите се играорци од кулутрно-уметничкита друштва од двете општини кои го оживеаја свадбениот обичај симболично на локалитетот Камени Kукли, познат како Весела скаменета свадба, со 150 камени кукли.
Организатор на настанот е Здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Етно ризница“ од Куманово.
- На свадбената церемонија се изведуваат автентични обичаи, карактеристични за свадбите од шопскиот крај. Свадбата се прави по завршувањето на жетвените и полски работи. Учениците ја донесуваат радосната вест дека доаѓаат со невеста и ја даруваат со многу дарови што на други места како традиција ја нема, изјави Драган Митевски претседател на Здружението „Етно ризница“ од Куманово.
Кума на годинашната свадба беше пејачката Благица Павловска.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник