СЕ: Одбивањето на мигрантите е неприфатливо

Државите немаат право да ги одбиваат мигрантите и се должни да ги оценат барањата за азил, дури и на оние кои на нивна територија влегле нелегално, нагласи Советот на Европа.
СЕ нагласува дека кога ќе разгледуваат поединечни случаи, државите треба да земат предвид дали одредениот мигрант доколку биде вратен во својата татковина или во транзитната земја ќе биде изложен на опасност од смртна казна или малтретирање, нечовечко однесување и други нарушувања на основите права, вклучувајќи и физичко насилство.
Советот напомена дека не е дозволиво одлука да се донесува врз основа на полот, расата, бојата на кожата, јазикот, верата, политичките или другите ставови, потеклото.
Кога ќе бидат сместени во прифатни центри мигрантите имаат право на соодветна медицинска грижа и на снабдување со храна.
Задржувањето на мигрантите во затворени центри е крајната можност и претежно треба да се случува пред нивното депортирање, доколку е донесена одлука за тоа.
Задржаните мигранти имаат право да добијат информации за нивната состојба на јазикот, кој го разбираат, како и да им биде обезбедена правна помош. Во текот на целиот период на нивното задржување тие имаат пристап до лекар и адвокат.
Задржувањето треба да биде што е можно пократко, а во спротивно ќе се смета за правно неосновани, се вели во текстот на СЕ.
Посочените правни обврски на државите од СЕ произлегуваат од ратификувањето на Европската конвенција за човековите права.
Ново на Сител
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
-

ЈСП„Скопје“: Ќе се утврди причината за пожарот на автобусот, благодарност до возачот за брзата реакција
-

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час
-

Општина Центар почна со расчистување диви депонии и наталожен отпад
-

Нема повредени во запалениот автобус на ЈСП „Скопје“ на Средно Водно, возачот спречил поголем пожар
