Балкан
14. October 2015 - 15:09

Се очекуваат големи поплави - Балканот се подготвува

Интензивните врнежи кои од вчера ја зафатија територијата на Хрватска значително го зголемија водостојот на реките. Земјата, а особено карловачкиот регион стравува од поплави. Во Карловац веќе се поставени 50.000 вреќи на критичните точки во градот.

Денеска се очекува новиот влажен бран кој ќе донесе дополнителни врнежи од дожд. 

Интензивните дождови од Балканот нема да ја зафатат Македонија. Метеоролозите во земјава најавуваат врнежи од дожд но со слаб интензитет.