Се очекува во текот на денот да биде испратено барање за екстрадиција на Палевски од Турција
Се очекува во текот на денот да биде подготвено барањето за екстрадиција од Министерството за правда за Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, кој вчера беше уапсен во Турција.
За МИА од Министерството за правда информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција. Кога ќе биде се подготвено, најверојатно министерот за правда Кренар Лога, на прес-конференција ќе ја инфоррмиа јавноста.
Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вчера беше уапсен во Турција, а за останатите четворица осомничени судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи мерка притвор од 30 дена по барање на Јавното обвинителство кое отвори истражна постапка за две убиства на свиреп начин по кривичната пријава добиена од Министерството за внатрешни работи. Ова се последните информации кои вчера ги соопштија надлежните во врска со убиствата на малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.
Како што соопштија вчера од Основното јавно обвинителство Скопје, истражната постапка се води против пет лица, од кои четворица како соизвршители сториле две кривични дела „грабнување“ и две убиства на свиреп начин, од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие, додека, петтиот осомничен им помогнал при извршување на кривичното дело грабнување на малолетно лице.
Ново на Сител
-
Поскапуваат горивата
-
Пожар во угостителски објект во Лисиче, сопственикот пренесен во болница
-
Ограбена аптека на Бит Пазар, крадецот се заканувал со нож кон вработената
-
Ивановски: Чест е да се игра пред домашна публика
-
Кремљ: Путин и Трамп телефонски ќе разговараат во 17 часот по московско време
-
На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, поседувал куршуми
-
Затворите се пренатрупани, во функција се ставаат електронски алки за издржување куќен затвор
-
Искршени сликите на петмината трагично загинати штипјани во Кочани | ФОТО