Се намалува кредитирањето на компаниите
Опаѓа кредитирањето кај компаниите. Народната банка во последниот извештај за макроекономските движења констатира дека вкупните кредити во јануари паднале за 1,6% по значителниот раст од 2,9% претходниот месец. При тоа намалувањето на вкупната кредитна активност на месечно ниво во целост произлегува од падот на кредитите на претпријатијата, при мал раст на кредитите на домаќинствата.
Според НБРМ, ваквите промени кај кредитите не се невообичаени и се забележуваат во првиот месец од годината и во претходните две години.
Сепак, за воздржаноста од инвестиции јавуваат и стопанственици според кои политичката криза предизвикува резервираност во стопанството.
Годишната стапка на раст на вкупните кредити изнесува 6,4% и е под проектираниот годишен раст од 7% за првиот квартал на 2017.
Учеството на сомнителните и спорни побарувања во вкупните кредити се зголемило во споредба со претходниот месец од 6,4% на 6,6%.
Искористеноста на депозитниот потенцијал за кредитирање на приватниот сектор изнесува 86,9%, што е пониско во однос на очекувањата за првиот квартал.
Намалување има и кај депозититите, повторно заради нивен пад кај корпоративниот сектор, додека депозитите на домаќинствата оствариле умерен месечен раст.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар