Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман
Се намалува бројот на заболени од грип во Кавадарци и Росоман. Доктор Ристе Јовановски, епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје, денеска информираше дека последнава седмица биле регистрирани 507 новозаболени.
- Ако се има во предвид дека претходно во една седмица имавме евидентирано и до 1.024 грипозни, може да се заклучи дека грипот стагнира во овие две општини, нагласи Јовановски.
Тој рече дека од почетокот на сезоната за грип досега, во Центарот имаат пријавено 2.691 лице заболено од ова вирусно заболување.
Тоа, според него, не е најреалната бројка на инфицирани од грип, бидејќи некои од заболените се лекуваат во домашни услови и не посетуваат матичен лекар. Токму матичните доктори, посочи, ги пријавуваат бројките на грипозни во Центарот за јавно здравје.
Јовановски потсети на превентивните мерки кои треба да се преземат за да се избегне вирусот на грип и даде препораки за заболените.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?