-->
-->
„Се надевам дека Македонија ќе ја направам горда“ - Македонката Симона со улога во новиот филм на „Марвел“
-->

Во ова филмско остварување публиката ќе може да ужива во актерската игра на преубавата и заводлива Скарлет Јохансон, а со неа рамо до рамо верувале или не ќе глуми и Македонката Симона Живковска.
Веста дека Македонската Симона ќе глуми во филмот на „Марвел“ ја споделил нејзиниот агент, тој напишал:
„Возбуден сум што конечно можам да објавам дека Симона Живковска во моментот го снима филмот на „Марвел“, “Црната вдовица“ што ќе се прикажува во кината догодина. Едвај чекам“ - напишал тој на Твитер.
Младата 25-годишна Симона е родена во Скопје на 24-ти јуни 1994-та година, но во 2001-та година се преселила во Велика Британија каде што ја започнала својата актерска кариера.
Возбудата што Македонката ќе ја оствари својата улога во ова остварување на „Марвел“ не ја криеле ниту корисниците на Твитер кои упатиле пофални зборови до младата Симона, а набрзо потоа и самата Симона објавила твит во кој се заблагодарува за поддршката:
Ви благодарам многу за поддршката во овој момент особено ми значи! Многу сум благодарна за оваа можност и се надевам дека ќе ја направам Македонија горда!
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пратени писмата кон 22 потенцијални кредитори за финансирање на брзата пруга
-
Владата наскоро со мерки против високите цени
-
Мицкоски: Бугарија да прифати средба во ХАГ
-
Шведски тим од социјални работници и пожарникари се солидаризира за кочанчани
-
Прилепското поле месец и половина без капка вода поради дефект на хидросистемот
-
Ротари клубот Струмица донираше медицинска опрема за одделението за педијатрија во струмичката болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Се прават напори за средба меѓу македонската и бугарската делегација во ХАГ