Се менува подот во спортската сала „Младост“ во Гостивар
Локалната самоуправа во Гостивар, заедно со поддршка од бизнис секторот, ќе инвестира во замена на подлогата во спортската сала „Младост“ Работите денеска почнаа на терен, а градоначалникот на општината Невзат Бејта реќе дека ова е значајна инвестиција за развојот на спортот и поддршка на кошаркарскиот клуб „Гостивар 2015“.
- Во работењето на локалната самоуправа големо значење му се придава на врвниот спорт. На барање на управата на кошаркарскиот клуб излеговме во пресрет и го исполнивме ветувањето дека ќе овозможиме услови според пропозициите. Сега нашата сала ќе биде поатрактивна. Може да биде домаќин и на меѓународни натпревари за кои се потребни повисоки стандарди, што досега не беше случај. Изразувам и благодарност до нашите сограѓани, бизнизмени кои издвоија средства да го завршиме овој проект, рече Бејта.
Ќе се менува подлогата од бетон и линолеум. Подлогата од дрвен паркет се поставува заради исполнување на условите за одигрување на натпревари во првата кошаркарска лига, откако кошаркарскиот клуб Гостивар 2015 обезбеди влез во елитното друштво. Замената на подлогата беше услов и за одржување на натпревари од други спортови во повисок ранг.
Поставувањето на подлогата од паркет на теренот со површина од 1.100 квадратни метри е инвестиција на група бизнисмени и општината. Вредноста на овој зафат е над три милиони денари.
Ново на Сител
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј
-
Артета: Топката во Лига купот е многу различна од топката во Премиер лигата и мора да се навикнеш на неа
-
Пуштање во употреба реконструирано фудбалско игралиште во Неготино
-
Украина ја нападна нафтената база во рускиот град Енгелс, која служи за стратегиски бомбардери